| четврток, 6 декември 2018 |

Бугарин се обидел да прошверцува 2.579 кутии цигари

Денеска, околу 2 часот, на излез од Р. Македонија на граничниот премин „Богородица“ со товарно возило „мерцедес спринтер“ со бугарска национална ознака се пријавил  бугарскиот државјанин Ж.Б.С. (66).

По добиени оперативни сознанија дека лицето врши шверцување на стока, во содејство со царинските органи извршен е преглед и претрес на лицето и возилото, при што во возилото во посебно направен бункер во кровната конструција пронајдени се сокриени 740 кутии цигари марка „LD црвено 100 S“,  720 кутии цигари марка „LD сино 100 S“, 200 кутии цигари марка „CODE“, 919 кутии цигари марка „EVA SLIM“, или се вкупно 2.579 кутии цигари.

Бугарскиот  државјанин е лишен од слобода и против него е поднесена кривична пријава за кривично дело шверцување.

Инаку, во текот на оваа година, односно од 01.01., па заклучно со 01.05. годинава откриени и запленети се 26.980 кутии различни видови цигира.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top