Царинските службеници од српскиот граничен премин „Прешево“ уапсиле тројца македонски државјани кои сакале да прошверцуваат 52.060 цигари од марката „родео“.
Цигарите биле сокриени во автобус кој сообраќал од Македонија кон Италија. Акцизната стока била сокриена во специјално направен бункер под предните тркала на автобусот. Шверцерите се уапсени, а, како што известија од српската царина, цигарите се конфискувани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.