| четврток, 6 декември 2018 |

Со трактор шверцувале цигари во Бугарија

traktor

Неколку делчевчани си заработија кривични пријави за криумчарење.

Се работи за 30-годишниот В.И. 24-годишниот В.М. 28-годишниот Б.Ѓ. и 21-годишниот В.А. сите од делчевско. В.И. преку неговата фирма набавил 700 штеки цигари и ги спакувал во посебни ранци, а потоа во договор со останатите пријавени, со трактор цигарите ги пренеле во селото Габрово, со намера да ги пренесат во Бугарија.

Откако В.А. кој бил ангажиран како чистач на теренот, им кажал дека има полициски службеници долж граничната линија, истите ги расфрлале цигарите во шумата и се дале во бегство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top