Економската криза и високите даноци на имот ја „уранаа“ цената на недвижниот имот во Грција на ниво како во 80-тите години на минатиот век, наведува атинскиот весник „Етнос“.
Во текстот под наслов „Нова состојба на пазарот на недвижности во 40 реони на земјата“, „Етнос“ тврди дека стари станови во Грција може да се купат и по цена од 100 евра за квaдратен метар.
За да се ослободат од плаќањето на високите даноци на имот, сопствениците ги продаваат своите куќи и станови стари по 30 или 40 години по цена од 100 до 300 евра за квадратен метар, наведува весникот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.