Првиот македонски кошаркар кој заигра во најсилната кошаркарска лига, Перо Антиќ, и наредната сезона ќе го носи дресот на Атланта Хокус.
Атланта по елиминацијата од Индијана го завршија учеството во плејофот, а според американските медиуми раковдството на Хокус веќе планира продолжување на договорот со најдобриот македонски кошаркар, според кој Перо ќе може да остане во клубот една плус една година, што значи настап во дресот на Хокус и во сезоната 2014/2015.
Според информациите, Антиќ и во следната сезона ќе има заработувачка од 1,25 милион долари, доколку Атланта до 15 јули официјално не се откаже од можноста да го задржи и натаму во својот дрес.
Перо Антиќ во својата прва сезона во НБА имаше просек од 7 поени, 4,2 скока и 1,2 аситенции, со реализација од 42 процента на шутевите од игра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.