| четврток, 6 декември 2018 |

Се мажи највисоката жена на светот

највисока девојка

Осуманесетгодишната Бразилка Елисани да Круз Силва, која е висока два метри и три сантиметри, реши да се мажи за своето момче Францинадло да Силва Карвалчо. Тој е висок само 1,62 метри и не им претставува проблем. Двајцата потенцираат дека љубовта е поважна.

Елисани и Францинадло се во врска три години, заедно живеат во една мала куќа во Салинополис. По венчавката, планираат да имаат и деца. Во случај ако таа не може да остане трудна, планираат да посвојат дете.

q2_36135100

– Отсекогаш сакав да имам висока девојка, потоа таа дојде и совршено се вклопивме – изјави Францинадло за „Дејли мејл“.

Знаат дека предизвикуваат внимание секогаш кога поминуваат по улица, и тоа понекогаш им пречи.

– Често говорам дека треба повеќе да се појавува во јавноста, но навистина не е пријатно кога ќе почнат да ја гледаат како да не е човечко суштество. Но, сите мислат дека е преубава. Нашата врска е посебна бидејќи навистина се разбираме – изјави вљубеното момче.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top