| четврток, 6 декември 2018 |

Шокантен пресврт: Путин: Ја повлековме војската, а сепаратистите ги повикувам да го одложат референдумот!

Рускиот претседател Владимир Путин денеска нагло го промени својот став во поглед на Украина, утврдувајќи дека претседателските избори закажани за 25 мај, претставуваат „чекор во вистинска насока“ за властите во Киев.

Досега Кремљ жестоко се противеше на тие избори оценувајќи дека властите во Киев се нелегитимни, односни дека Јанукивич е симнат од власт на незаконски начин.

Сепак, Путин, како што пренесува „Би-би-си“ изјавил дека на изборите нема да биде одлучено за ништо ако правата на сите граѓани на Украина не бидат заштитени.

Рускиот шеф на државата исто така ги повика сите проруски активисти на истокот на Украина каде до денеска се водат големи вооружени борби за контрола на низа градови, да ги отповикаат своите одлуки за распишување референдум за независност или автономија. Некои од овие референдуми се најавени веќе за следната недела.

Путин рече дека ја повлекол војската од руско0украинската граница: „Ги повлековме. Тие повеќе не се на границата со Украина. Постојано ни велат дека проблем се нашите сили на украинската граница. Тие повеќе не се на границата, туку на местата каде вообичаено се изведуваат воени вежби“.

Руските сепаратисти во Донецк по повикот на Путин рекое дека ќе го разгледаат предлогот на собранието утре.

-Утре ќе разговараме за тоа на народното собрание. исклучително го почитуваме претседателот Путин и ако тој смета дека тоа е нужно тогаш ќе разговараме за предлогот, порачаа оттаму.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top