Група македонски и албански туристи, во крајбрежниот дел на Охридското Езеро, во близина на Поградец, деновиве направиле фотографија од јато фламинга, објави „Охрид њуз“ Според она што може да се види на фотографиите, птиците се слетани во поплиткиот дел од езерото и бараат храна. Според научниците, кои се занимааваат со проучување на птиците во Република Македонија, ваква појава до сега не била евидентирана на Охридското Езеро.
–До сега јата на фламинга биле забележани на Преспанското Езеро, но таков податок немаме за Охридското Езеро, но тоа не значи дека вакви птици воопшто не слетале на ова езеро. Јас не се сеќавам, но можеби во Природно научниот музеј во Струга има податок за птицата фламинго на Охридското Езеро, но не верувам дека има фактографски податоци за тоа колку единки биле и од каде дошле. За Преспа има детални фактографски податоци за фламингата, на пример во кое време се забележани, колкаво било јатото и слично, вели проф. д-р Бранко Мицевски од Природно математичкиот факултет од Скопје, кој има објавено голем број на научни трудови од областа на орнитологијата.
Тој објаснува дека фламингата се хранат со одредени видови на планктон и на езерата слетуваат само по храна и не се вгнездуваат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.