Половина милион евра затаил 44-годишниот скопјанец, директор на фирмите за управување со отпад Каска Транс и Фаланга Рециклинг, извести Финансиската полиција. Пријава е поднесена и против двајца бугарски државјани, за злоупотреба на службена должност и затајување данок, објави Дневник.
Скопјанецот Г.Д. фактички управувал со двете претпијатија, а двајцата бугарски директори само формално биле назначени за директори. Во периодот од 2005 и 2009 биле прикриени и непријавени 532.000 евра.
Тој евидентирал влезни фактури со невистинита содржина со искажан ДДВ од повеќе правни субјекти, без истите да бидат платени, а за кои е извршен поврат на ДДВ. Г.Д. од претходно има кривична пријава и како организатор на злосторничко здружување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



