
Општина Аеродром во соработка со Друштвото за управување со отпад „Нула отпад“, летово реализираа голема еко-акција за собирање електронски и електричен отпад, во која граѓаните имаа можат бесплатно да се ослободат од електронскиот и електричниот отпад од домаќинствата, при што беа собрани околу 4 тони опасен отпад.
Граѓаните на Општина Аеродром ги пријавуваа старите електрични и електронски апарати од домаќинствата, од кои сакаат да се ослободат, на телефонскиот број во најблиската урбана заедница или во „Нула отпад“ на 02/3256-309.
Под електронски отпад се подразбира статични и лаптоп компјутери, тастатури, глувчиња, кабли, звучници, слушалки, домашни телефони и мобилни телефони, МП3 плеери, монитори, телевизори, дигитални камери и видео-камери, принтери, скенери, факс-машини и стерео системи, додека под електричен отпад се подразбира шпорети, машини за перење облека и садови, греалки и грејни тела, микробранова печка, машина за правење леб, апарат за кафе, други апарати од домаќинство, како и клима-уреди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МОН и општина Аеродром го осудија инцидентот со фрлањето на девојче од прозорец
-
Граѓаните од Аеродром против бетонската џунгла: Осамнаа билборди со натписи Добредојдовте во зградодром, Марин го боли ДУП-Е за чист воздух…
-
Над 700.000 тони отпад годишно треба да се собере и рециклира
-
Општина Аеродром: Нема да се сечат дрвја на „Коста Новаковиќ“, но улицата ќе се обнови


