Македонските водители Маријана Станојковска и Димитар Атанасовски сериозно ја сфатија одлуката оваа година да учествуваат на Скопскиот маратон, до толку што најмија и приватен тренер кој ќе им помогне да ја постигнат вистинската форма и кондиција.

– Оваа година предизвик ми е Скопскиот маратон поради тестот кој ѝ го поставив на мојата кондициска подготвеност, а сакам да го положам со учеството на оваа манифестација. Иако досега не практикував трчење, овојпат решив да пробам нешто ново – вели Маријана Станојковска.

Во продавницата на „Спортвижн“, Димитар и Маријана ја одбраа најновата колекција на „рибок“, па деновиве заедно со нивниот тренер Ненад Стојкоски посветено тренираат на градски кеј.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


