
Поранешниот претседател на СДСМ, Бранко Црвенковски, во интервју за „Дојче веле“ изјави дека одлуката на раководството на СДСМ да не се признаат изборите и да се бојкотира Собранието не е спорна и целосно ја поддржува.
– Одлуката да не се признаат изборите и да се бојкотира парламентот, не е спорна и целосно ја подржувам, вели Црвенковски.
На прашањето дали со ова значи дека тој целосно ја поддржува одлуката за непризнавање на изборите и за враќање на мандатите, Црвенковски изјавува:
– И повеќе од тоа. Сметам дека опозицијата не требаше, а ни во иднина не треба да учествува на избори под вакви услови, организирани од ваква власт. Овој тоталитарен режим мора да се делегитимира целосно, а не со наше учество во институциите и на однапред режирани избори да станеме соучесници во создавањето привид за некаква „нормалност“ и „каква –таква“ демократија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


