Се случи чудо на Ѓурѓовден! Девојчето кое вчера го удри воз, преживеа. Седумнаесет годишната Н.А од Лесковац која вчера околу 10 часот ја удри воз на железничката станица, само со здобила со скршеници и е надвор од животна опасност.
– Таа има тешки телесни повреди по телото и главата, но е надвор од животна опасност. Свесна е и сама дише, девојчето се уште се наоѓа на интензивна нега и е во постојан надзор од лекари. Мора уште еднаш и да ја снимаме главата за повоторно да не дојде до крварење на главата – вели докторот кој ја лекува 17- годишната тинејџерка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.