| четврток, 6 декември 2018 |

Кои се десетте најмноќни светски дестинации?

Многу градови ја носат титулата светски метрополи и се издвојуваат според посетите на туристите, богатата историја и одличната туристичка понуда. Британскиот весник „Гардијан“ направи градски барометар во кој се оценуваат понудите на градовите – градскиот превоз и времето, како и стапката на криминалот и општествената положба.

140507045.1_mn

Лос Анџелес: Ги засенува сите градови кога станува збор за културна разноликост и раскош на градот. Временските прилики се одлични, така што не може да му конкурира на Лондон и Њујорк. Во Лос Анџелес може да уживате во убавините на плажите, светската уметност, паради, богата историја на филмот…

140507045.2_mn

Њујорк: Транзитнито систем во Њујорк, иако сличен, ја нема истата репутација како тој во Лондон, но временските прилики се поповолни.

140507045.3_mn

Лондон: Иако времето не е најдобро, Лондон добива најдобри оценки за многу други работи како на пример: совршено уреден градски превоз, културно-историски знаменитости, шопинг-атракции…

140507045.4_mn

Париз: Иако времето најчесто е тмурно, сепак, Париз е еден од најголемите европски градови и цел свет знае за него.

140507045.5_mn

Сеул: Изненадување е дека јужнокорејскиот главен град е пред Токио на оваа листа. Сеул има репутација на прријатен град кој има неверојатна инфраструктура и е еден од најсигурните градови на светот.

140507045.6_mn

Барселона: Сите ја сакаат Барселона. Таа е како Рио де Женеиро, само со помала стапка на криминал и без светски настани кои ќе се одржат во овој град, а тоа, пред се е Светското фудбалско првнество кое почнува во јуни и Зимските олимписки игри.

140507045.7_mn

Рио де Женеиро: Со СП во фудбал и со ЛОИ овој град доби нови инвестиции и модерна инфраструктура. Има многу работи да им понуди на туристите. Но, останува високата стапка на криминал.

140507045.8_mn

Сан Франциско: Ова е град кој има се: шопинг-центри, одличен промет, добри деловни врски. Единствен негов недостаток се врнежите дожд.

140507045.9_mn

Лас Вегас: Сигурноста и економијата се голем проблем во Вегас, но медиумите имаат способност градските проблеми да ги претстават во позитивно светло.

140507045.10_mn

Дубаи: Тој ги привлекува туристите од целиот свет, а најпознатата градба, Бурј Калифа е планетарна сензација. Дубаи дефинитивно заслужува да се најде меѓу 10-те најпознати градови во светот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top