| четврток, 6 декември 2018 |

Германците бараат од Киев да ја запре офанзивата против проруските активисти

462262_slavjansk-ukrajinska-vojska-ap_ff

Германската Влада ги повика украинските власти да ја прекинат офанзивата во источните региони на земјата, вели владиниот координатор за односите со Русија, Гернот Ерлер во интервју за весникот „Ноје Оснабрукер Цајтунг“.

– Киев треба да ги прекине „своите воени дејствија против проруските активисти во источна Украина“ – вели Ерлер во интервјуто.

Во врска со претстојните претседателски избори во Украина, закажани за 25 мај, тој потенцира дека во земјата е неопходна состојба во која граѓаните ќе може да го дадат својот глас во нормални услови.

– Во источните делови на Украина тоа не е можно, затоа судирите треба да престанат, за никој потоа да не може да каже дека изборите таму биле дискредитирани – вели Ерлер.

Координаторот на германската Влада, меѓутоа, смета дека во немирните реони во сила треба да останат некои ограничувања. Според него, некои луѓе таму се толку многу уплашени, што нема да смеат да излезат на гласање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top