| четврток, 6 декември 2018 |

Пандев прогласен за играч на мечот против Калјари (видео)

Milan vs Napoli - Serie A Tim 2012/2013

 

Македонскиот фудбалски интернационалец во редовите на Наполи, Горан Пандев, беше прогласен за играч на мечот во натпреварот од италијанската Сериа А лига против тимот на Калјари кој заврши со победа на наполитанците од 3-0.

Пандев играше од првата минута на натпеварот, а го постигна вториот гол за својот тим и изнуди два пенала над него.

Првиот пенал го реализираше Мертенс во 33 минута од натпреварот. Пандев својот гол го постигна пред самиот финиш на првиот дел откако Калјехон успешно асистираше.

Во вториот дел Пандев успеа да изнуди уште еден пенал по кој беше исклучен голманот на гостите Силвестри. Во тој момент тренерот на Калјари го озвади од игра Агим Ибраими за да може да внесе нов голман во игра на кого му успеа да го одбрани пеналот на Марек Хамшик.

При постигнувањето на третиот гол Пандев шутираше на голот на нововлезениот Аврамов кој кратко ја одби топката до Џемаили на кого не му беше тешко да ја смести во голот.

Тренерот на Наполи Рафа Бенитез и покрај одлична игра на нашиот интернационалец одлучи да го замени во 74 минута од натпреварот.

При излегувањето од теренот цел стадион го скандираше имате на Горан Пандев.

Ова беше седми гол за Пандев оваа сезона во Сериа А.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top