– Не познавам никого на светот кон би можел да ни каже европската зависност од увозот на рускиот природен гас би можела да се промени во краток временски период – изјави за медиумите на маргините од римската средба германскиот министер за економија и енергетика, Зигмар Габриел.
На средбата во Рим во време на ескалирање на украинската криза, министрите за енергетика на земјите од групата Г7 порачаа дека се „крајно загрижени поради влијанието на енергетската сигурност врз развојот на настаните во Украина, што е последица на руската повреда на украинската суверенот и територијален интегритет”, се наведува во заклучоците, пренесува Ројтерс.Министрите ветуваат дека ќе ја подобрат енергетската ефикасност, ќе развијат поширока мрежа за снабдување со енергија, вклучително и течниот природен гас (LNG), обновливите извори на енергија и новите гасоводи, како и ќе ги развијат и зајакнат постојните инфраструктури за снабдување.
Додаваат, меѓутоа, дека не постојат моментални алтернативни решенија. Не се очекува дека американскиот гас од шкрилци ќе ѝ биде на располагање на Европа пред крајот на оваа деценија, кога ќе биде можно да се увезува со танкери како LNG.
Италија и Франција повторно ја нагласија својата поддршка за проектот за рускиот гасовод Јужен ток, со која гасот од Русија би се довезувал во Европа заобиколувајќи ја Украина, но истовремено укажаа на потребата од изградба на алтернативен правец.
Третина од гасот кој се увезува во Европа доаѓа од Русија, а половината од тоа транзитно се носи преку Украина, којашто со рускиот енергетски гигант „Газпром” не може да се договори околу цената, како и поради долгот од веќе неколку милијарди американски долари.
Завршната изјава на министерскиот состанок на Г7 од Рим е концентрирана на потребата од диверзификација на енергетските извори и изградба на гасна инфраструктура. – Одадени сме на покренувањето на системски и трајни чекори со цел да се подобри енергетската сигурност на национално, регионално и на глобално ниво – порачуваа министрите во завршната заедничка изјава.
На состанокот не беа донесени одлуки за заострување на санкциите за припадниците на рускиот политички врв, како и за компаниите, а таа одлука ќе ја донесат министрите за надворешни работи и претседателите на владите на земјите од Г7. Американскиот министер за енергетика Ернест Мониз, меѓутоа, изјави дека челниците на групата Г7, доколку ситуацијата во Украина и натаму се заострува, согласно со договорот ќе продолжи зајакнувањето на санкциите против Русија.
Меѓутоа, за разлика од САД и Велика Британија, Германија го става акцентот на дипломатијата.
Британскиот министер Ед Дејвиј изјави дека рускиот претседател Владимир Путин „ја минал линијата” и дека на состанокот на Г7 е донесена „стратешка одлука за соочување со руското користење на енергијата како оружје”.
Но неговиот германски колега Габриел истовремено вели дека секое долгорочно решение на енергетскиот проблем мора да се заснова на дијалогот. „Само техниките промени на енергетскиот пазар нема да бидат доволни. Тој процес треба да го следат дипломатијата и политиката, како и договори за спогодбите меѓу партнерите”, порача Габриел.
И покрај политичките односи кои не ветуваа брзо решение, земјите како Италија, којашто речиси целосно зависи од увозот на енергија, настојуваат да гои прошират изворите за снабдување. Така, покрај Јужен тек, Италија сега уште поголема важност му придава на Трансјадранскиот гасовод (ТАР), преку кој гасот од Азербејџан би се довезувал во Италија, и разгледува моќност поврзување на гасоводите со регионот на источното Средоземје.
Италија, исто така, настојува покрај трите постојни да изгради уште најмалку три дополнителни терминала за течниот гас, за да увезува гас од САД, иако Американците нема наскоро да бидат во состојба да го извезуваат ваквиот гас.
– Првиот проект ќе биде подготвен кон крајот на 2015 година, додека шест терминали се во план, но е бидат готови до крајот на деценијата- изјави во Рим американскиот министер за енергетика Ернест Мониз
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Лидерите на Г7 групата се договорија: Ќе се отрстрануваат исламистички содржини од интернет
-
Меланија Трамп на Самитот Г7 се појави со модел на „Долче и Габана“ од 51,500 долари (галерија) (видео)
-
Филмска потера во Шпанија – Барселона е следна цел на терористички напад?
-
Европа окована во мраз, Русите ќе помагаат со зголемување на испораките на гас