| четврток, 6 декември 2018 |

Славјанск под опсада, потребни медицински средства

украина 2

Украинската војска трупа свои војници кај Славјанск. Во денешните борби, убиени се осум, а ранети 16 лица. Украина е на ивица на војна, предупредува шефот на германската дипломатија Франк Влатер Штајнмајер. Во меѓувреме меѓународниот комитет на Црвениот крст за Европа и Централна Азија денеска соопшти дека во источните украински градови Славјанск и Краматорск има недостиг од лекови и медицински материјали.

– Во Славјанск и во Краматорск итно се потребни лекови и медицински материјали за укажување на помош на повредените – изјави портпаролот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст за Европа и Централна Азија, Давид-Пјер Марке.

Тој наведе дека  Црвениот крст испратил основни лекови и медицински материјали во Славјанск и во Крматорск

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top