| четврток, 6 декември 2018 |

И кога ја мие косата прави опасни јога егзибиции

болдвин

Нема потреба да се објаснува дека холивудскиот актер Алек Болдвин (56) е вистински среќник, а за тоа доказ е последната фотографија на неговата сопруга Хиларија (30) која ја објави на Твитер, која покажа дека знае како да се забавува.
Инструкторката по јога која секојдневно на социјалните мрежи објавува интересни фотографии од нејзините најнеобични пози од јогата, на сите им стави до знаење колку е витка и еластична .
Со последната фотографија на која прикажала како нурка со својата глава во кадата за туширање, Хиларија предизвика бурни коментари на социјалните мрежи дека претерала со своите лудории и егзибиции и дека не е добар пример за нејзините фанови.
– Дали е ова опасен начин да се мие коса – ги запрашала откачената инструкторка своите фанови на Твитер

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top