Украина е подготвена да поддржи нов круг од преговорите во Женева, ако Русија ги поддржи претседателските избори на 25 мај, изјави украинскиот министер за надворешни работи Андреј Дешчица, по седницата на министрите за надворешни на Советот на Европа во Виена.
– Ако Русија е подготвена да ги преземе ангажманите, дека ќе ги поддржи изборите, ќе ја елиминира поддршката за екстремистичките елементи во Украина, ние сме подготвени да спроведеме таков круг од преговори – рече Дешчица.
Тој истакна дека Владата може да поддржи друг круг од преговорите во Женева, ако сите страни се договорат да го применат документот, што таму ќе биде договорен.
Дешчица го отфрли барањето на Русија во новите разговори за Украина во Женева да бидат вклучени и проруските сепаратисти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Нова демократија: Нови разговори со Скопје, ако Сириза не успее да го ратификува договорот
-
Столтенберг му ја врачи поканата за почеток на преговорите за НАТО на Заев
-
Ристо Никовски: Почнуваме де факто ужас без крај, ова не е крај на проблемите



