Заврши периодот кога со политички, етнички и верски подбуцнувања ќе можат да се освојуваат гласовите на Aлбанците. Одсега, како што најавивме во кампањата, ќе реагираме јавно на ваквиот вид интеретнички надмудрувања и препукувања, а на грбот на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски, велат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
– Никој не коленичи пред Груевски и никој не е тројански коњ. Никој не е негов слуга, ниту некој работи против Aлбанците во Македонија. Има разговори во пресрет на формирање коалиции и владино мнозинство и тоа е сѐ. Нормална политичка активност после избори, ниту пак Груевски гледа некаков сеир или игра некакви нечесни игри. Никола Груевски работи да состави Влада со најдобрите и најреални идеи од сите кои ќе учествуваат во таа Влада – велат од ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува новиот бран препукувања помеѓу различните политичари Албанци, кои повторно како во минатото се напаѓаат меѓусебно, при што повторно главна жртва во нивните обвинувања е ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски, овој пат во контекст на разговорите за формирање владино мнозинство.
– Овие политичари, сакајќи пред албанските граѓани да се прикажат како некои големи патриоти и негови наводни единствени заштитници, повторно тоа го прават прикажувајќи го ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски во најнегативно светло, во светлина на партија и претседател на партија која не им мисли добро на Aлбанците во Македонија. Тоа не е точно – истакнуваат од владејачката партија.
ВМРО-ДПМНЕ со оваа реакција повторува дека нема поголем заштитник и промотор на поквалитетен живот и нема поголем решавач на проблемите на Албанците и на сите граѓани во Република Македонија од ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија” во минатите седум и пол години беа главниот промотор на најголемите реформи во сите општествени области, и реши најголем број проблеми на народот во Македонија од која било друга партија во Република Македонија.
ВМРО-ДПМНЕ е партија која се бори за секој граѓанин на Република Македонија, за секој земјоделец, за секој пензионер, за секој невработен, за секој бизнисмен, за секој примател на социјална помош, за секој пациент во здравството и секој лекар и медицинскиот персонал во болниците, за секој член на јавната администрација, за секој спортист, за секој човек, затоа што за нас човекот е пред и над се, а не неговата определба за оваа или онаа вера, етникум или партија.
– Заврши периодот кога ВМРО-ДПМНЕ молчеше пред континуираните нејзини сатанизирања од одредени политичари Aлбанци, со што не само што истите се трудеа да си ја оправдаат својата безидејност за решавање на реалните проблеми на граѓаните или пак нивните нереализирани ветувања, туку и се обидуваа резултатите на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ да ги прикажат како свои. Заврши периодот кога со политички, етнички и верски подбуцнувања ќе можат да се освојуваат гласовите на Aлбанците. Одсега, како што најавивме во кампањата ќе реагираме јавно на ваквиот вид интеретнички надмудрувања и препукувања, а на грбот на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски. Граѓаните Aлбанци можат да бидат и спокојни и да имаат позитивни очекувања од сите 2046 проекти кои ВМРО-ДПМНЕ ќе ги прави за сите граѓани во Македонија, независно од нивната етничка, верска, политичка или било каква друга припадност. ВМРО-ДПМНЕ работи и ќе работи за доброто на сите – нагласија од ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ апелира на одговорно и чесно однесување на сите aлбански политичари кон албанскиот електорат во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)