Државната изборна комисија едногласно го изгласа извештајот за спроведените парламентарни и претседателски избори. Членовите предложени од СДСМ, на чело со претседателот Рилковски, исто така, го поддржаа извештајот со кој се констатира изборот на 123 пратеници, вклучително и пратеничките места добиени од СДСМ.
Со ова ДИК го потврди легитимететот на спроведените избори, што и беше заедничка оценка на меѓународниот фактор, пред сѐ ОБСЕ/ОДИХР и САД.
Наспроти ова, партискиот портпарол на СДСМ уште еднаш на својот профил на „Фејсбук“ ја потврди одлуката на Централниот одбор на СДСМ за враќање на мандатите, цинично пишувајќи дека мандатите им ги вративме на граѓаните, всушност од оние кои и ги добија на овие избори, пишувајки во продолжение дека со тоа демократијата ја покажала својата убавина.
На овој начин, всушност СДСМ удира шамар на волјата на граѓаните и оние кои излегоа да гласаат токму на тој начин, играјќи си со демократијата и можностите кои ги нуди.
Ваквата топло-ладно игра, според партиски извори, е да се купи време сѐ до одржувањето на конгресот на СДСМ и обезбедувањето на претседателското столче на Заев на кормилото на СДСМ. Токму ваквата одлука на претставниците на СДСМ во ДИК може да се коментира како оставање простор за ретерирање на раководството на СДСМ во нивната одлука за враќање на мандатите, што ќе биде своевиден преседан во услови на демократски спроведени избори.
Заев клучната поддршка во зачувувањето на неговото претседателско место во СДСМ ја добива од Бранко Црвенковски кој впрочем е и креаторот на политиката на бојкот која СДСМ ја застапува.
Ваквото сценарио на СДСМ во кое се вовлекуваат во влог и интересете на целата држава е игра во која освен раководството на СДСМ, интерес има и нашиот јужен сосед, кому стагнирањето и креирањето на проблеми најмногу му одговара. За ова веќе пишуваа најтиражните грчки весници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Дерковски: Едно гласачко место е поништено бидејќи резултатот намерно бил променет
-
ДИК: Со последните обработени податоци 91,4 отсто за, 5,64 отсто против
-
Нема проблеми при доставата и примопредавањето на гласачките материјали – ДИК ја одржа првата прес-конференција
-
ДИК апелира изборните органи да работат професионално и одговорно, набљудувачите да се придржуваат до Кодексот