По крвавите немири во Одеса на 2 мај, како исчезнати се водат 48 лица, а сѐ уште има 20 неидентификувани тела на загинати во судирите и пожарот во кои загинаа 46 лица, соопшти регионалната управа на украинското МВР.
Експертите од судска медицина претходно препознаa 37 од загинатите, чии тела беа откриени по пожарот во локалниот Дом на синдикатите. Како причина за смртта се посочуваат прострелни рани, повреди добиени при пад, изгореници и труење со јаглероден диоксид.
Полицијата во Одеса соопшти за 38 идентификувани тела од вкупно 46 жртви.
Според официјалните податоци во немирите животот го загубија 46 лица, а над 200 се повредени. Пратеникот Олег Царов и други украински политичари тврдат дека властите намерно го прикриваат вистинскиот број на жртви поради опасност од бунт.
Министерот за внатрешни работи, Арсен Аваков, изјави дека полицијата донела одлука да побара експертска помош од странци за истрага на настаните во Одеса.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.