Најголемо намалување, како што нагласи тој, има кај извозот на нафтените деривати, металната и прехранбената индустрија.
Со цел зголемување на економската соработка меѓу двете земји, денеска е потпишан Меморандум за соработка меѓу Стопанската комора на Македонија и Стопанската комора на Косово.
Целта на договорот е промовирање на натамошниот развој и зајакнување на постојната соработка во областите од заемен интерес, заради заедничко унапредување на работата на коморите.
– Централна точка во меморандумот секако е подобрување на инфраструктурата на која што веќе се работи, подобрување на меѓуграничните процедури и секако заемното информирање на компаниите, кое како што проценивме дека не е на задоволително ниво – истакна Азески.
Додаде дека за таа цел, во наредните шест месеци Стопанската комора на Македонија и ќе испрати свој претставник во Приштина, а Стопанската комора на Косово свој претставник во Скопје, кои ќе бидат задолжени да го зголемат нивото на информации и едукација за пласирање на македонски производи на косовскиот пазар, и косовски производи на македонскиот пазар.
Двете комори во иднина ќе организираат и заеднички манифестации, кои ќе ја поттикнат трговската размена меѓу Македонија и Косово, но и со други земји.
– Имаме голем предизвик а тоа е да го надоместиме губитокот на ОКТА на косовскиот пазар и ќе се фокусираме на тоа, а максимално ќе вршиме притисок да се олеснат процедурите косовските производи полесно да стигнуваат на нашиот пазар – посочи Азески.
Освен Меморандумот за соработка меѓу Стопанските комори на Македонија и Косово, денеска беше официјализиран и Договорот за соработка со Стопанската комора на северозападна Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации