По долго боледување вчера во Скопје почина писателот Науме Радически. Ќе биде погребан в петок, на гробиштата во Ѓорче Петров.
Науме Радически е роден на 18 мај 1953 година во селото Мешеишта, Охридско. Својот работен век го помина како професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Член на Друштвото на писателите на Македонија беше од 1984 година.
– Науме Радически како поет, критичар, есеист и научен работник остави забележлива трага во развојните процеси на македонската литература – соопшти Друштвото на писателите на Македонија.
Објавил повеќе поетски книги, меѓу кои „Постоења и мотиви“, „Светол тажен вик“ и „Преображение човеково“. Автор е и на критичко-есеистичките и научни книги „Релации и континуитет“, „Метаморфоза“ и „Време без збор“. Добитник е на наградата на ДПМ „Димитар Митрев“ за критика есеистика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Промоција на најновата книга „Липите кај Сарај куќа“ на Лидија Дочовска Павловска во ДПМ
-
Загајевски стана почесен член на Друштвото на писатели на Македонија
-
„Празник на липите“: Врачени наградите „Книжевно жезло“ на Видое Видически и Ѓеорѓе Добре
-
„Празник на липите“ в четврток во Друштвото на писателите на Македонија