Повеќе од 30 проруски активисти се убиени во Славјанск, на истокот на Украина, во борбите помеѓу украинските сили и проруските борци за федерализација, објави украинскиот министер за одбрана Арсен Аваков.
– Проценуваме дека сепаратистите изгубија повеќе од 30 лица – напишал Аваков на својот Фејсбук профил.
Украинското Министерство за внатрешни работи соопшти дека во борбите во Славјанск загинале четворица војници, додека над 30 други се ранети.
Министерството додаде дека има жртви и меѓу цивилното население.
РИА Новости пренесува дека една девојка е убиена од снајпер, а ранетите цивили и бунтовниците се пренесуваат во градската болница „Лењин“. Претходно, еден од командантите на проруските активисти соопшти дека во своите редови има околу 20 убиени борци, а 15-тина се ранети.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.