| четврток, 6 декември 2018 |

Суарез во солзи, Џерард го теши (видео)

Ливерпул на неверојатен начин остана само со бод на гостувањето кај Кристал Палас. „Црвените“ имаа огромна предност од 3-0, но домаќините за само десет минути успеаја да се вратат во натпреварот и да им ги урнат сите патишта до титулата.

Овој шок најтешко го прифати Луис Суарез, кој лицето го покри со дресот по крајот на натпреварот, додека капитенот Стивен Џерард се обиде да го утеши и да ги тргне камерите за да не снимаат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top