Натпреварите меѓу Оклахома и Клиперс, односно Индијана и Вашингтон, ја отворија полуфиналната серија во плејофот на НБА.
Вашингтон на гости ја совлада Индијана со резултат 102-96 и поведе со 1-0, а ова е прва победа на Визардс во полуфиналниот плејоф од далечната 1992 година.
Бредли Бил беше најефикасен играч кај гостите со 25 поени и со по 7 скока и асистенции, Тревор Ариз уфрли 22 поени, а Марсин Гортат натпреварот го заврши со 12 поени и 15 скока. Кај Пејсерс по 18 поени постигнаа Пол Џорџ и Џорџ Хил.
Лос Анџелес до 1-0 дојде откако синоќа со резултат 122-105 славеше на гостински терен против Оклахома.
Клиперс до триумфот беа предводени од Крис Пол со 32 поени и 10 асистенции, Блејк Грифин кој постигна 23 поени и Џамал Крафорд со 17.
Расел Вестбрук беше најефикасен играч во Оклахома со 29 поени, додека Кевин Дурант натпреварот го заврши со 25 поени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


