| четврток, 6 декември 2018 |

Реал Мадрид стандардно лошо, новитет e црвениот картон на Рикардо Кака

Бразилскиот ас Рикардо Кака го заработи првиот црвен картон во европскиот дел од кариерата што трае десет години, во новиот срам за неговиот Реал на гостувањето кај Осасуна (0-0). Да биде поинтересно Бразилецот мина само 16 минути на теренот во Памплона во кои заработи два жолти картона и суспензија. Некогашниот најдобар фудбалер на светот во Милан и во Мадрид има одиграно вкупно 365 натпревари во кои има вкупно 35 жолти.

Инаку Реал намали само еден од разлика во синоќениот меч на северот од Шпанија со забелешка дека водечката Барселона со успех вечерва во Малага може да дојде до неверојатни 18 бодови разлика и тоа токму на половина од ова издание на Примера.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top