На конкурсот за музиколошки труд, објавен од страна на Сојузот на композиторите на Македонија, жири-комисијата во состав: проф. Стојан Стојков, проф. д-р Јане Коџабашија и проф. д-р Томе Манчев донесе едногласна одлука според која за победник на конкурсот се избира музиколошкиот труд „ТРНЛИВИОТ ПАТ ДО УСПЕХОТ – ОД „ГОЦЕ“ ДО „ЦАР САМУИЛ“ – ОПЕРИТЕ НА КИРИЛ МАКЕДОНСКИ (1925-1984)“ чиј автор е истакнатиот музиколог Марко Коловски.
Наведениот труд е прилично обемен музички есеј, посветен на дел од творештвото на македонскиот композитор Кирил Македонски, во годината кога се навршуваат три децении од неговата прерана смрт. Овој труд, освен ова, е посветен на шеесетгодишнината од поставувањето на првата македонска опера („Гоце“), како и на 1000-годишнината од смртта на цар Самуил – инспирацијата за втората опера на Кирил Македонски.
Користејќи исклучително богат архивски материјал од времето на создавањето, подготовката и поставувањето на овие две крупни дела од македонската музичка историја, Коловски, благодарение на своето одлично познавање на опусот на Кирил Македнски, како и на широкиот увид во македонското музичко творештво воопшто, создава јасна и уверлива слика за премрежијата низ кои минувал авторот во реализацијата на својот творечки чин. Без намера да суди, тој со голема умешност и научна акрибија ја остварува својата цел, имено да ги опише околностите во кои се случија премиерите на овие два меѓника во македонското оперско (па и музичко) творештво. Да ги среди податоците што постоеја расфрлани на различни страни за да може сликата и заклучоците што може да се изведат од неа да бидат поцелосни и покохерентни. За да можеме уште еднаш, во годината кога се навршуваат шеесет години од премиерата на првата македонска опера „Гоце“ и триесет години од прераната смрт на нејзиниот автор Кирил Македонски да се потсетиме на нив и да им ја оддадеме должната почит.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Прво ЦД издание на македонскиот композитор Вулнет Таири
-
СОКОМ и годинава учесник на Генералното собрание на Европската алијанса на композитори
-
Наградените композитори се огласија: Сеуште не сме добиле решенија и договори , а министерот за култура цели 10 месеци одбива средба со СОКОМ
-
СОКОМ наградата „Георги Божиков“ им ја додели на „Биг бенд“ за најуспешна изведба на македонско дело во изминатата година