| четврток, 6 декември 2018 |

Наградените композитори се огласија: Сеуште не сме добиле решенија и договори , а министерот за култура цели 10 месеци одбива средба со СОКОМ

Добитниците на награди на Конкурсот за откуп на музички композиции во 2017 година на Министерство за култура се обратија денеска до електорнските и печатените медиуми со соопштение кое го пренезуваме во целост. Тие се жалат дека одлуката за доделените награди е повлечена од веб-страната на Министеството за култура, на наградените автори сеуште не им се доставени решенија и договори, а министеропт одбива средба со нив 10 месеци.

Почитувани,

Врз основа на член 64 ставови (1) и (2) од Законот за културата („Службен весник на Република Македонија“  бр. 31/98, 49/03, 82/05, 24/07, 116/10, 47/11, 51/11, 136/12, 23/13, 187/13, 44/2014 61/15, 154/15 и 39/16), Министерството за култура распиша анонимен Конкурс за откуп на музички композиции во 2017 година, објавен на веб страната на Министерството на 6 април 2017  година.

На 18 јануари 2018 година на веб страната на Министерството за култура и преку  повеќе јавни медиуми и портали беа објавени следните наградени автори и дела: Во категоријата Композиција за мелодиски инструмент дувачки, првата награда ја доби композиторот Благој Цанев.

Во категоријата Композиција за хармониски инстурмент стручната комисија додели две награди, прва награда на композиторот Никола Коларовски и втора награда на композиторот Јана Андреевска Димитровска.

Во категоријата Композиција за мешан хор доделени се две награди: првата награда ја доби композиторот Андреј Блажевски и втората награда и пропадна на композиторката Валентина Велкова Трајановска.

Во категоријата Композиција за квартет доделена е само прва награда на композиторот Драган Стојков.

За најдобри композиции во категоријата Композиција за дувачки квинтет, се на композиторите Валентина Велковска Трајановска, која ја доби првата награда и Горан начевски со добиена втора награда.

Во категоријата Композиција за камерен состав од шест до девет инструменти доделени се три награди на композиторите: Ана Пандевска за прва награда, втора награда Андреј Блажевски и Бојана Петровиќ, со трета награда.

Во категоријата Музичко-сценска композиција за „Танец“ струлната комисија додели една единствена награда во таа категорија на композиторот Тодор Трајчевски.

Во категоријата Композиции за оркестар доделени се три награди: прва награда на композиторот Филип Ивановски, втора награда на композиторот Илија Б. Илиевски и трета награда на композиторот Ана Пандевска.

Во категоријата Композиции за солист и оркестар (дувачки инструмент, глас, перкусии) стручната комисија ја додели единствената награда предвидена во таа категорија на композиторот Панде Шахов. Во категоријата Композиции за детски циклус за оркестар  стручната комисија ја додели единствената предвидена награда во таа категорија накомпозиторот Филип Иванов. Во категоријата Композиции за Мјузикл за деца единствената предвидена награда ја доби композиторот Никола Димушевски. Во категоријата Композиции заБалетединствената предвидена награда му припадна на композиторот Сони Петровски.

Истиот ден оваа објава беше повлечена од веб страната на Министерството за култура и оттогаш до сега, не добивме никакво известување во врска со причините за тоа.

Наспроти досегашната пракса од изминатите конкурси,  да се достават решенија и договори до наградените автори во роковите законски определени од самото Министерство, тоа до сега не е направено од причини кои нам сѐ уште не ни се познати. Поради тоа се обраќаме до Министерството надлежно за спроведување на Конкурсот со барање постапката без понатамошно одложување да се доврши и да се достават договори до наградените автори согласно објавените резултати.

Министерот за култура цели 10 месеци одбива средба со претставници на најстарото и најзначајното здружение – Сојузот на композиторите на Македонија (СОКОМ), а молкот за резултатите од нивниот Конкурс покажува дека Министерството нема капацитет за спроведување на нивните декларативни заложби за унапредување на музичкото творештво, ниту капацитет за почитување на законските прописи и нивните сопствени конкурсни објави.

Авторите – добитници на наградите, алармираат дека ваквите непрофесионални и неетички постапки на Министерот за култура, Роберт Алаѓозовски,  ќе остават црна дамка врз работата на службите и комисијата, а деградираните автори кои вложиле труд со месеци за да ги создадат своите дела, ќе бидат приморани да ја бараат правдата низ судски процес.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top