| четврток, 6 декември 2018 |

Модни додатоци што ѝ се потребни на секоја жена

Освен клучните парчиња облека, постојат модни додатоци што се неопходни и кои секоја модно освестена жена мора да ги има. Станува збор за додатоци што ни го прават животот поубав, поедноставен и лесен

Atraktivno86-1

Очила за сонце

Не само што совршено може да ја надополнат секоја модна комбинација, туку очилата за сонце го чуваат и вашиот вид. Очилата за сонце се, едноставно, неопходни и во нив се исплати да инвестирате. Тие може да се носат во секое време од годината, а не само во лето. Ако сакате да го зачувате својот вид и да ги заштитите очите од сонце, купете поквалитетни очила.

 

Atraktivno86-2

Класична чанта

Голем број жени имаат по неколку чанти, но само една од нив е таа вистинската. Ако немате своја омилена, тогаш е време да ја набавите. Во таква чанта може да носите сѐ што ви е потребно и непотребно бидејќи е доволно голема за во неа да се соберат многу работи. Може да ја носите в раце или, пак, на рамо.

 

Atraktivno86-3

Мала рачна чанта

Мала рачна чанта, која изгледа како паричник, но, всушност, е поголема и во неа има повеќе место за сите потребни дребулии и ситници што ѝ се неопходни на секоја жена. Овие чанти се згодни, практични и многу достапни. Овие чанти најчесто имаат долги синџирчиња, така што се многу практични за ноќни излегувања.

 

Atraktivno86-4

Бисерни обетки

Убаво би било кога секоја жена во својот накит би имала и еден чифт вистински бисерни обетки. Но, не мора да имате секогаш вистински бисери, бидејќи и лажните, исто така, може да изгледаат елегантно и префинето.

Бисерните обетки се класичен додаток, кој ѝ е потребен на секоја жена бидејќи тие може да ја надополнат секоја модна комбинација. Може да се носат во свечени пригоди или, пак, секој ден, ако сакате својата секојдневна комбинација да ја надополните со елегантен детаљ.

 

Atraktivno86-5

Балетанки

Кралици меѓу чевлите, едни и единствени – балетанки! Дури и ако сте голема обожавателка на високи потпетици, сигур­но во својот орман за чевли имате еден чифт балетанки. Квалитетни балетанки се еднакво удобни како и патики, а може да се носат и во свечени пригоди и тоа токму како да носите чевли со високи потпетици. Затоа се незаменливи и единствени, а посебно се згодни за пролетните денови што се пред нас.

 

Atraktivno86-7

Рачен часовник

Ако не сакате да доцните, купете си рачен часовник. Освен што покажува точно време, може да биде и многу убав моден додаток, кој може да го носите и со алка.

 

Atraktivno86-6

Торбичка за мобилни телефони

Иако мобилните телефони поубаво изгледаат без ништо на нив, такви какви што се, особено кога станува збор за паметните телефони со софистициран дизајн, практичноста налага да ги носиме во торбичка ако сакаме да ги заштитиме од гребаници и од незгодни ситуации. Често ни паѓаат од рака, па затоа треба соодветно да ги заштитиме. Идеални се торбичките што имаат и заштитна навлака. За среќа, денес може да се најдат убави и модерни торбички, кои имаат и заштита, а се лесно достапни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top