| четврток, 6 декември 2018 |

Мод­ни­те до­да­то­ци за про­лет 2015 го­ди­на

Мо­да­та се­ко­ја го­ди­на но­си нов стил­ски раз­вој. Се­га се на ред мод­ни­те до­да­то­ци за про­лет­та 2015 го­ди­на. Има без­број но­ви трен­до­ви кај ал­ки­те, ѓер­да­ни­те, чан­ти­те и кај ре­ме­ни­те, кои мо­же да се нај­дат во се­којд­нев­на­та ком­би­на­ци­ја на се­ко­ја же­на

11367_big

Ма­сив­ни ѓер­да­ни

Оваа се­зо­на мно­гу се наг­ла­се­ни ма­сив­ни­те ѓер­да­ни, кои со сво­јот изг­лед ну­дат ви­стин­ски де­та­ли што мо­же да ја збо­га­тат се­ко­ја ком­би­на­ци­ја. Нај­че­сто се ра­бо­ти за раз­лич­ни ди­мен­зии и об­ли­ци.

Ѓер­да­ни во нај­раз­лич­ни об­ли­ци

Ѓер­да­ни изра­бо­те­ни од раз­ни цев­че­сти об­ли­ци, во раз­лич­ни бои, тек­сту­ри, об­ли­ци, ма­те­ри­ја­ли се, исто та­ка, во тренд оваа про­лет. Вид­ли­ва е раз­но­вид­но­ста на ма­те­ри­ја­ли­те, а овој тренд мо­же да го ви­ди­те кај Џор­џо Ар­ма­ни, Мар­ни, Сал­ва­то­ре Фе­ра­га­мо..

Ме­тал­ни ал­ки

Ме­тал­ни­те ал­ки се во ком­би­на­ци­ја со си­те бои, но ги има и во ед­на бо­ја, во го­ле­ми или ма­ли об­ли­ци, или, пак, кла­сич­но изра­бо­те­ни, од­нос­но ми­ни­ма­ли­стич­ки.

Син­џи­ри

Chanel : Runway - Paris Fashion Week Womenswear Spring/Summer 2015

Им­пре­сив­ни и зна­чај­ни, син­џи­ри­те за­о­кру­же­ни во ѓер­дан на це­ли­от изг­лед му да­ва­ат шик изг­лед. Ми­ни­ма­ли­стич­ки­от и кла­си­чен об­лик на син­џи­ри го има кај „Ни­на Ри­чи“, а де­ли­кат­ни­от и ши­рок ди­зајн кај „Ив сен Ло­рен“.

Обе­тки во раз­ни об­ли­ци

Екс­пе­ри­мен­ти­те во раз­лич­ни бои и об­ли­ци ги има и кај обе­тки­те. Кај кре­а­тив­но изра­бо­те­ни­от ди­зајн мо­же да се ви­ди раз­но­ви­ден ма­те­ри­јал и раз­на тек­сту­ра. За ми­ни­ма­ли­стич­ки изг­лед се ре­ши­ја „Пра­да“, „Кри­сти­јан Ди­ор“, „Луј Ви­тон“, дол­ги обе­тки со све­тки има кај „Ни­на Ри­чи“…

Хи­пи-на­кит

Хи­пи-сти­лот инс­пи­ри­ра­ше мно­гу мод­ни кре­а­то­ри да на­пра­ват на­кит во таа на­со­ка. Раз­но­вид­но­ста на бо­и­те и на об­ли­ци­те, ка­ко и ша­ре­ни­ло­то, мо­же да се ви­ди кај „Де­рек Лам“, „Еми­лио Пу­чи“, „Етро“, „Луј Ви­тон“, „Мар­ни“, „Сте­ла Џин“, „Нар­ци­со Ро­дри­гез“….

Ми­ни­ма­ли­стич­ки ре­ме­ни

Овие ре­ме­ни оста­ва­ат до­бар впе­ча­ток на се­ко­ја ком­би­на­ци­ја и мно­гу се по­пу­лар­ни оваа про­лет. Ги има во ко­лек­ци­и­те на „Ни­на Ри­чи“, „Фи­лип Лам“…

Мо­дер­ни ра­ка­ви­ци

Во зи­ма ра­ка­ви­ци­те ве шти­тат од сту­ди, а во про­лет слу­жат ка­ко де­ко­ра­ти­вен еле­мент со кој во це­лост се ме­ну­ва по­са­ку­ва­ни­от изг­лед. Кре­а­тив­ни ре­ше­ни­ја на ми­ни­ма­ли­стич­ки­те и еле­гант­ни ра­ка­ви­ци но­сат „Жан Пол Гот­је“, „Ема­ну­ел Ун­га­ро“, „Мо­ши­но“ и дру­ги.

Кла­сич­ни ре­тро чан­ти

Трен­до­ви­те до­а­ѓа­ат и за­ми­ну­ва­ат, но кла­сич­ни­те жен­ски чан­ти се се­ко­гаш по­пу­лар­ни. Збир­ка­та но­ви чан­ти за се­зо­на­та про­лет 2015 го­ди­на на кла­сич­ни чан­ти ги има „Луј Во­тон“, „Мајкл Крос“, „Дол­че и Га­ба­на“, „Фен­ди“, „Пра­да“, „Ва­лен­ти­но“…

Ми­ни­ја­тур­ни чан­ти

Сла­тки­те ми­ни­ја­тур­ни чан­ти до­би­ја но­во зна­че­ње оваа се­зо­на. Раз­лич­ни­те сти­ло­ви и об­ли­ци мо­же да се прис­по­со­бат на раз­лич­ни си­ту­а­ции. Ги има кај „Мајкл Крос“, „Марк Џеј­кобс“, „Џор­џо Ар­ма­ни“, „Ни­на Ри­чи“…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top