| четврток, 6 декември 2018 |

Британската тенисерка Елена Балтача ја загуби битката со ракот

Британската тенисерка Елена Балтача ја загуби битката со ракот и почина на 30-годишна возраст. Пред неполни два месеци беше објавено дека Елена боледува од рак на црниот дроб, а синоќа го загуби најважниот меч во животот.

Балтача во еден период беше најдоброрангирана британска тенисерка, во септември 2010 го имаше најдобриот пласман на светската ранг-листа на 49. позиција. Родум е од Киев, Украина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top