Со остварен домашен бруто-приход од две илјади и 58 милијарди долари, според извештајот на Светската банка, индонезиската економија сега се вбројува во десетте најголеми економии во светот. Оваа 250 милионска земја, која во последната деценија на минатиот век уште беше во списокот на земјите во развој, во последните шест години на листата напредувала за пет места, претекнувајќи ги, покрај другите, економиите на Италија и на Мексико.
Во анализата на Светска банка, што ја пренесуваат индонезиските медиуми, се наведува дека за таа држава најголеми пречки во развојот и натаму остануваат фискалната политика и нерамноправната распределба на приходите. Неофицијално, само околу пет милиони од Индонезијците спаѓаат во средниот слој, а концентрацијата на богатството е во државни раце и не толку голем број семејства.
Аналитичари на Централната банка на Азија сметаат дека Индонезија сега има потенцијал до 2020 година да се искачи на седмото, па дури на петтото место во листата на најголемите економии. Азиската банка советува либерализација на политиката за издавање лиценци и реформи во огромната државна администрација. Тоа се задачи кои државата може да ги реши на краток рок, а се препорачува и поголема отвореност кон странските инвеститори и фокусирање на решенијата за подобрување на енергетскиот потенцијал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
(Вознемирувачка содржина) Нема преживеани лица во авионската несреќа во Индонезија
-
Владата ја испрати ќерка му на Таки Фити како претставник на Македонија во Светска банка
-
По земјотресот во Индонезија од затворите избегале 1 200 затвореници
-
Стотици планинари заглавени по силниот земјотрес во Индонезија


