Македонскиот ракометен репрезетативец Кире Лазаров со својот тим Барселона е освојувач на шпанскиот куп. Тој вчера во финалето го совлада тимот на Гранолјерс со 42-32. Лазаров во Памплона, каде што се играше завршниот турнир, беше најефикасен стрелец со 13 гола. Тој во финалето постигна шест, еден помалку од клупскиот колега Сармиенто. По пет погодоци додадоа Хуан Гарсија и Нодесбо.
Оваа година може да биде најтрофејна за леворакиот бомбардер бидејќи тој веќе ги освои пехарите во шанската лига и куп. Сега уште му останува Лигата на шампионите, каде што во полуфиналето игра против Фленсбург на завршниот турнир во Келн, кој се игра за помалку од еден месец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


