| четврток, 6 декември 2018 |

Во напади на француски авиони убиени стотина бунтовници на Мали

Повеќе од 100 бунтовници се убиени во воздушните напади на француските борбени авиони врз стратешки важниот град Кона во Мали, тврдат очевидци и воени извори од Мали.

Според истите извори, речиси 30 возила со исламски борци се уништени во борбардирањето и дека повеќе од 100 бунтовници се убиени.

– Ги истеравме бунтовниците. Ние сега сме во градот Кона, изјавил за Ројтерс портпаролот на министерството за обрана Диаран Коне.

Тој рекол дека не знае дали бунтовниците зад себе оставиле мини или бомби за изненадувања и рекол дека на двете страи има многу жртви.

Во воздушните напади загинал и еден пилот на француската авијација.

Портпаролот на бунтовничката група Ансар Дин изјави денеска дека фрацуската воена интервенција против исламистичките борци северниот дел на Мали ќе ги загрози живототиете на француските државјани.

– Ќе има последици по француските државјани во целиот муслимански свет. Ние ќе продолжиме да се бориме и браниме. Подготвени сме да ги дадеме животите во борба, изјавил портпаролот Санда Оулд Бумама.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top