Најголем акционер на американскиот софтверски гигант Мајкрософт е поранешниот извешен директор Стив Балмер. Бил Гејтс, еден од основачите на компанијата, се ослободи од овој свој статус откако продаде уште 4,6 милиони акции, пренесе ИТАР-ТАСС.
Балмер, кој во февруари годинава се повлече од функцијата главен извршен директор на Мајкрософт во моментов е сопственик на 333,25 милиони акции на компанијата, а Гејтс на 330,14 милиони.
Во периодот од 1986 година Балмер има продадено акции на Мајкрософт во вредност од 3,4 милијарди долари. Неговиот вкупен капитал, според оценки на експертите од Блумберг, изнесува 18,9 милијарди долари, дополнува ИТАР-ТАСС.
Гејтс, чие богатство надминува 79 милијарди долари, во последните 12 години, исто така, активно ги продава своите акци во компанијата – по околу 20 милиони секои три месеца. Ако продолжи со овој тренд, Гејтс до средината на 2018 година може да остане без акции на Мајкрософт, забележува руската агенција, цитирајќи го Блумберг.
Официјални претставници на компанијата не кажуваат дали Гејтс има такви планови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.