По поразот на Рома од Катанија во 36.коло од Серија А, Јувентус ја освои титулата шампион на Италија. Рома загуби на гостувањето кај Катанија со 4:1.
Фудбалерите на Удинезе и Ливорно одиграа ефикасен натпревар, а победа од 5:3 славеше домаќинот. Седум голови беа постигнати во првиот дел и притоа домаќинот нереализира и пенал.
Резултати од денешните натпревари од 36.коло: Катанија – Рома 4:1, Киево – Торино 0:1, Џенова – Болоња 0:0, Парма – Сампдорија 2:0 и Удинезе – Ливорно 5:3.
Вечерва се игра натпреварот на двете екипи од Милано, Милан – Интер. Утре се играат натпреварите Лацио – Верона и Јувентус – Аталанта, додека дуелите на финалистите од националниот куп: Фиорентина – Сасуоло и Наполи – Каљари се играат во
вторник.
Табела: Јувентус 93 бодови, Рома 85, Наполи 69, Фиорентина 61, Интер 57, Торино 55, Парма 54, Лацио 52, Верона 52,…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.