| четврток, 6 декември 2018 |

Ксукла: СДСМ да го прекине бојкотот

Јорди Ксукла, адвокат и универзитетски професор од областа на политичките науки, претседател на Групата на либерали и демократи во Парламентарното собрание на Советот на Европа (ALDE), му честита на претседателот Ѓорге Иванов за победата на изборите и му посакува успешно извршување на должностите во насока на општо добро и безбедност на македонските граѓани.

Ксукла во изјава за МИА упатува честитки и за успешно спроведените предвремени парламентарни избори, како и за реизборот на премиерот Никола Гревски. Воедно апелира до опозицијата да ја прифати одлуката на мнозинството и да дејствува во согласност со обврските на демократијата. Овој повик, како што нагласува, доаѓа откако темелно ги проследил извештаите и изјавите на набљудувачките мисии на ОБСЕ/ОДИХР и на Стејт департментот во Македонија.

Ксукла ја повикува СДСМ да ја пресипита својата актуелна позиција, да го прекине бојкотот на Собранието, да ги прифати пратениците и активно да учествува во вршењето на нејзините институционални одговорности.

– Неопходна и од витално значење е конструктивна опозициска партија за функционирање на институциите, за стабилност и просперитет на Република Македонија. Меѓународната заедница и организациите на кои Македонија им припаѓа, како што е Советот на Европа, се подготвени да ги слушнат аргументите и предизвиците. Сепак, таков компромис ќе стане можен само ако тие ги исполнат нивните институционални обврски, нагласува Ксукла.

Јорди Ксукла првпат е избран за сенатор во 2000 година и оттогаш во Шпанскиот сенат е резибран во 2004, 2008 и 2012 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top