Денеска се навршуваат 34 години од смртта на Јосип Броз Тито, државниот и политички лидер на некогашната Социјалистичка Федеративна Република Југославија (СФРЈ).
Јосип Броз Тито, роден во Кумровец во 1892 година, беше доживотен претседател на СФРЈ и еден од основачите на Движењето на неврзаните. Почина во Љубљана на 4 мај 1980 година, а погребан е во “Куќата на цвеќето” во Белград.
Тито почина во Клиничкиот центар во Љубљана,а беше погребан четири дена подоцна во Белград. На погребот дојдоа 700.000 луѓе, како и 209 странски делегации од 128 земји во светот.
Последна почит кон Тито, еден од основачите на Движењето на неврзаните, му одадоа 31 претседател на држава, 22 премиери, четири крала, шест принцови и 11 претседатели на национални парламенти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


