| четврток, 6 декември 2018 |

100 кандидати за пилоти не поминале англиски јазик и здравствени тестови

policijapiloti

По тестовите за англиски јазик и здравствените проверки на пријавените лица на конкурсот за пилоти за хеликоптерската единица на Министерството за внатрешни работим од вкупно 298 останаа уште 198 кандидати.

По завршувањето на тестовите за познавање на англискиот јазик од вкупно тестираните 298 кандидати, тестирањето го минаа 214 кандидати (од кои 102 со високо и 112 со средно образование). По однос, пак на завршената селекција за утврдување на здравствена способност на кандидатите според критериумите за полициски службеник од 214 кандидати, селекцијата успешно ја минаа 198 кандидати”, се наведува во соопштението на МВР.

Во наредниот период процесот на селекција продолжува со фазата селекција на земја (Ground screening) која што ќе се изведува од страна на експерти од “Елбит Системи” од Израел, во Центарот за обука на пилоти на аеродромот Александар Велики.

Инаку како што претходно МВР информираше, на конкурсот за прием на 12 пилоти со и без работно искуство којшто беше објавен на почетокот на годинава се пријавија вкупно 466 кандидати, по што се започна со ригорозната селекција преку фазата на административно тестирање и проверката на моторичките способности на пријавените кандидати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top