| четврток, 6 декември 2018 |

Српските пратеници против косовска војска

4514348-downtown_PristinaСрпските пратеници во косовскиот Парламент нема да учествуваат на седницата на 5 мај, на која ќе се гласа за формирање на косовската армија, соопшти независниот пратеник Миливое Стојановиќ.

Стојановиќ изјави дека ниту една земја од регионот не му се заканува на Косово, а безбедноста на земјата е гарантирана од силите на НАТО -КФОР и мисијата на .Европската унија – ЕУЛЕКС.

Тој го повика премиерот Хашим Тачи од дневниот ред на Парламентот да го повлече владиниот предлог за измени во Уставот и на предлог законот за трансформирање на Силите за безбеднист на Косово во Вооружени сили на Косово.

Пратеникот подвлече дека вооружените сили се скапа инвестиција и затоа многу подобро е Владата парите наменети за армијата да ги употреби за решавање на социјално-економските и другите актуални проблеми во Косово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top