Фудбалерот на Јувентус Андреа Пирло ќе потпише нов двегодишен договор со тимот, објавија италијанските медиуми. Сегашниот договор на Пирло му истекува летово, а неколку медиуми објавија дека искусниот играч наскоро ќе потпише нов договор откако завршуваа преговорите со клубот. Италијанскиот фудбалер оваа сезона за Јувентус одигра 41 натпревар, а постигна 6 гола.
ПО преговорите со Пирло, управата на Јувентус сега се концентрира на преговорите со Пол Погба, но се вели дека ќе биде тешко да се задржи заради понудите од Пари Сен Жермен и од Реал Мадрид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


