| четврток, 6 декември 2018 |

Вардарки против Митјиланд за трето место

Sport81-ZRK-Vardar-740x320-topРакометарките на ЖРК Вардар СЦБТ денеска го играат дуелот со екипата на Митјиланд за третото место на завршниот турнир од Лигата на шампионки во Будимпешта.

По поразот од Будуќност во полуфиналето од 22:20 по две продолженија, екипата на ЖРК Вардар денеска ќе се бори за третата позиција на првиот фајнл фор турнир во ракометната Лига на шампионки.

Противникот, данскиот Митјиланд, е тимот со кој вардарки се пресмета во главната рунда од елитното натпреварување. Тогаш двата дуели завршија со победа од гол разлика за домаќините, односно во Скопје беше 24:23 за вардарки, во Данска славеше Митјиланд со 25:24.

Натпреварот на ЖРК Вардар и Митјиланд поочнува во 14:30, додека финалето е закажано за 17 часот меѓу бранителот на титулата унгарски Ѓер и црногорската екипа Будуќност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top