Новите информации за товарот што го пренесувал „боингот 777“ што исчезна на 8 март отвора нови прашања поврзани со транспортот на литиумски батерии. Тие се наоѓале во поголема „комбинирана“ пратка што тежела 2.453 килограми, се вели во соопштението на Малезија ерлајнс.
Британскиот весник „Стар“ цитирал неименуван извор од компанијата ННР Глобал лоџистикс кој кажал дека батериите тежеле нешто помалку од 200 килограми. Се поставува прашање што уште се наоѓало во „комбинираната“ пратка, а тежело 2.253 килограми, прашува „Дејли мејл“.
Неименуваниот извор не можел да открие што друго имало со батериите поради директивата од правните застапници да не се зборува за тоа сѐ додека трае истрагата. Не е откриено ни името на компанијата што ги произвела батериите.
Во комбинираната пратка имало неколку поединечни пратки за да се наполни контејнерот, а пратките подоцна би се распоредиле на своите одредишта.
Остатокот од товарот бил радиоопрема и полначи?
Извршниот директор на Малезија ерлајнс, Ахмад Јаухари, уште на 24 март изјавил дека имало пратка со батерии што биле безбедно спакувани. Литиумските батерии што се вградуваат во мобилни телефони и лаптопи се многу запаливи и се одговорни за цела низа пожари во авиони во последните години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.