Десет загинати и повеќе од 40 ранети е епилогот на масакрот што го направија борци на украинското ултранационалистичко движење „Десен сектор“ во селото Андреевка, крај Славјанск, наведуваат проруски активисти од Донбас, пренесува ИТАР-ТАСС.
– Борба и немаше во директна смисла на зборот – прецизира „народниот градоначалник“ на Славјанск Вјечеслав Пономарјов.
Екстремистите отвориле оган врз невооружена толпа на патот на средина од селото, изјави тој .
– Луѓето и го препречија патот на колоната на „Десен сектор“, и се обидоа со нив да преговараат. Како одговор се слушнаа автоматски рафали – изјави Пономарјов.
Претходно беше соопштено дека во Андреевка мирните жители се обиделе да им попречат на борците од „Десниот сектор“ да стигнат до Славјанск. Локалните жители формирале жив синџир на патот пред камионите и оклопните возила.
Медиумите добија информација дека жителите на Андреевка постигнале договор со вооружените борци. Според постигнатиот договор, тие требало да ги испукаат своите патрони во воздух и да си заминат. Но, по неколку рафали во воздухот, борците на „Десен сектор“ отвориле оган врз толпата невооружени лица.
Првично проруските сепаратисти соопштија за еден загинат и неколку десетици ранети. Бројот на жртви, меѓутоа, расте со секои нови податоци.
-„Десен сектор“ не дозволуваше извлекување на ранетите и пукаше врз сите што ќе се доближеа до настраданите, изјави Пономарјов, цитиран од ИТАР-ТАСС.
Во источниот украински град Краматорск, на југ од Славјанск, се водат тешки борби, изјави Васил Крутов, шефот на украинскиот антитерористички центар, цитиран од британските медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мајка му помагала на повредените, без да знае дека Владислав е крвопролевачот од Крим
-
Масакр во Валона, момче уби осум роднини со калашников
-
Ужас во Флорида: 17 убиени лица, напаѓачот е поранешен ученик (галерија) (видео+18)
-
Зошто никој не зборува за пораката на масичката: Морбидни фотографии од собата на убиецот од Лас Вегас



