| четврток, 6 декември 2018 |

Несреќен пораз на Вардар по продолженијата

Во полуфиналето од Лигата на шампионите во ракомет во женска конкуренција екипата на ЖРК Вардар не успеа да се пласира во финалето по поразот од Будуќност со 22-20 по дополнителните 10 минути. Во регуларниот дел од 60 минути вардарки по големата негатива од првото полувреме успеа да се врати во натпреварот и да се избори за породлженија (16-16) од двапати по пет минути, иако во финишот можеа да се радуваат, но ударот на Татјана Хмирова заврши во блокот на противниките ракометарки.
Во првите пет минути од продолжението Будуќност лесно дојде до три гола разлика и се чинеше дека лесно ќе го приведе натправарот до крај. Меѓутоа така не мислеа црвено-црните бидејќи набрзина за само три минути успеа да се врати и да го израмни резултатот. Дополнителна шанса добија по исклучувањето на најдобриот играч на Будуќност романката Неагу која спречни сигурна контра фаулирајќи ја Сираба Дембеле.
По нејзиното враќање таа се избори за седмерец за Будуќност кој беше успешно реализиран и тука пропаднаа сите шанси за уште еден пресврт на вардарки и пласман во финалето. Во финишот од натпреварот ЖРК Вардар прими уште еден гол и го загуби мечот. Најефикасна во редовите на вардарки беше Алисон Пино, додека на голот беше неприконсовената Амандин Лејно со 16 одбрани.
Ова за тимот на Индира Кастратовиќ е огромен успех, бидејќи успеа во првата сезона како учесник во Лигата на шампионите ќе има шанса да се бори за третото место. Овој тим има голема иднина бидејќи се работи за искусни, но млади играчи и со неколку најавени засилувања догодина ќе атакува на самиот европски врв.
Утре вардарки мечот за третото место ќе го играат против добропознатиот противник од групата, Митјиланд во 14 часот.
Во финалето ќе се сретнат Ѓер и Будуќност во 17 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top