| четврток, 6 декември 2018 |

Инфаркт меч во Будимпешта!

По слабото прво полувреме во полуфиналниот натпревар на ЖРК Вардар во кое губеа со пет разлика, избраничките на Индира Кастратовиќ се соземаа во вторите 30 минути и успеаа да ја анулираат предноста и по 60 минути да се изборат за продолжение. Натпреварот во регуларните 60 минути заврши со резултат 16-16.
Следува продолжение во кое се надеваме дека вардарки ќе одиграат како во вториот дел во одбраната и ќе се пласираат во големото финале против Ѓер.
На голот во вториот дел е феноменалната Амандин Лејно која до сега има 14 одбрани, а 11 во второто полувреме.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top