Со посредништво на Владимир Лукин, специјалниот пратеник на рускиот претседател, набљудувачите на ОБСЕ, кои беа ослободени во Славјанск, пристигнаа во Донецк пренесе ИТАР-ТАСС.
-Сите пристигнаа во Донецк и добро се чувствуваат. Им благодарим на претставниците на Советот на Европа за укажаната помош – изјави соработник на Лукин.
Тој додаде дека специјалниот пратеник на претседателот Владимир Путин нема други задачи освен ослободување на набљудувачите.
Претходно беше соопштено дека ослободените набљудувачи не можат да го минат контролниот пункт заради локални борби.
Швајцарскиот претседател Дидие Буркхалтер, кој е претседател на Организацијата за безбедност и соработка во Европа, им заблагодари на сите страни, кои учествуваа во ослободувањето на седуммината заробени воени набљудувачи на ОБСЕ во Славјанск.
Во исто време Буркхалтер изрази стравување дека „ситуацијата во источниот и јужниот дел на Украина може драстично да се влоши“.
-Неопходно е да се преземат заеднички напори за прекин на ескалацијата на конфликтот и за барање пат за почнување дијалог – забележа тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



